Едно лице загина во сообраќајка, кога автомобил удри во столб на Бранденбуршката порта во Берлин, соопшти полицијата. Според полицискиот извештај, автомобилот удрил во еден од најпознатите берлински симболи во неделата вечерта околу 23:30 часот.
Во автомобилот немало никој освен лицето кое управувало со возилото.
Во тек е идентификација за загинатото лице и истрага за тоа како дошло до несреќата.
Бранденбуршката капија е градена од 1789-та до 1791.
Kurz vor Mitternacht ist mit offenbar hoher Geschwindigkeit ein Auto ins Brandenburger Tor gerast und hat das Bauwerk beschädigt. Das Fahrzeug ist in Brand geraten. Der Fahrer soll ums Leben gekommen sein. Hintergründe noch unklar. pic.twitter.com/1AGWGjLhcn
— julius geiler (@glr_berlin) January 15, 2023