Дегодишното дете од Грција се задушило во својот дом кога влегло во фиоката од каучот додека неговите родители спиеле. Несреќата се случила ноќта меѓу неделата и понеделникот во семејната куќа во Атина. Детето го искористило моментот додека неговите родители спиеле и од спалната соба се приближило на каучот во кој бил отворен. Се верува дека сакало да игра криенка, па тргнало да влезе во фиоката, каде случајно се затворил горниот дел од каучот, па тоа постепено се задушило.
Детето се задушило во фиоката при недостаток на воздух, а резултатите од обдукцијата покажуваат дека тоа се борело да излезе. На неговото чело биле пронајдени бројни повреди кои укажуваат дека детето упорно удирало со главата, а со рацете го буткало горниот дел од каучот, кој бил врз него. За жал, не успеало само да го подигне каучот, а бидејќи никој не го слушнал, детето по десетина минути се задушило при недостаток на воздух.
– Детето постепено останувало без воздух. Сигурно се гушело неколку минути, ако не и подолго. Повредите на главата укажуваат дека се обидувало да се извлече, рекле лекарите за локалните медиуми.
Безживотното тело на детето го пронашло утрината неговата мајка. Таа рекла дека не го слушнале кога станало и дека претходно заспало во нејзина прегратка околу 19.30 часот, а потоа и таа заспала. Дека го немало детето сфатила утрото во 5 часот, но откако го пронашла тоа не давало знаци на живот. Родителите веднаш го одвеле до болница, но докторите можеле само да констатираат смрт.
Полицијата веднаш ги привела родителите, но по давањето на исказите и двајцата биле пуштени на слобода.