УБУСТВО ВО ТАФТАЛИЏЕ: Шура го убил зетот и го ранил внукот

by Тони Зографски

Во скопската населба Тафталиџе синоќа во продавница се случи убиство. Убиството резултирало по семејна расправија меѓу зет и шура.

Убиството е извршено  од страна на сопственикот  на продавницата со иницијали В.Ш . на 55 годишна возраст  кој по расправија со пиштол пукал кон С.Д. исто така на 55 годишна возраст кој инаку бил негов зет за сестра, и кој починал на лице место, додека 25 годишниот Ф.Д. внук од сестра е погоден со куршум во десната нога и е пренесен на Ургентен центар  каде му се укажува лекарска помош.

Според МВР, причини за убиството, се нарушени семејни односи и нарушени имотно-правни  односи. Сторителот е приведен, соопштува полицијата.

Според првичните информации полицијата го упасила напаѓачот и е однесен во полициска станица.

 

останати вести