Во скопската населба Тафталиџе синоќа во продавница се случи убиство. Убиството резултирало по семејна расправија меѓу зет и шура.
Убиството е извршено од страна на сопственикот на продавницата со иницијали В.Ш . на 55 годишна возраст кој по расправија со пиштол пукал кон С.Д. исто така на 55 годишна возраст кој инаку бил негов зет за сестра, и кој починал на лице место, додека 25 годишниот Ф.Д. внук од сестра е погоден со куршум во десната нога и е пренесен на Ургентен центар каде му се укажува лекарска помош.
Според МВР, причини за убиството, се нарушени семејни односи и нарушени имотно-правни односи. Сторителот е приведен, соопштува полицијата.
Според првичните информации полицијата го упасила напаѓачот и е однесен во полициска станица.