Ноќеска околу 2 часот по полноќ во Кавадарци се случил инцидент во кое едно лице е прободено со земјоделска алатка вила – објави Телма.
Извори од истргата потврдуваат дека неколку лица се приведени.
Причината за инцидентот е семејна расправија во врска со старателство на дете. Расправијата прераснала во физичка пресметка во која се користеле разни предмети, а настраданиот бил прободен со вила.
МВР најави повеќе информации.