Осудениот криминалец Џозеф Зилер од Флорида се појавил на суд за да ја слушне новата пресуда, па откако дознал дека добил доживотна казна затвор, го нападнал својот адвокат.
Зилер (61), кој минатиот мај бил прогласен за виновен за силување и убиство на 11-годишно девојче и нејзината бебиситерка во 1990 година, му сигнализирал на својот адвокат кога влегувал во судницата дека имал нешто да му каже.
Адвокатот Кевин Ширли му пришол на својот клиент, по што тој го удрил со лакт во лице, пред судските службеници да го задржат и да го отстранат од судницата.
Според видеата кои ги објавија американските медиуми, адвокатот речиси веднаш се опоравил од нападот и се вратил на столот. Кратко време подоцна, тој го уверил судијата дека се чувствува добро, велејќи му дека – како поранешен боксер – имал добиено многу повеќе удари во својот живот.
Повеќе од две децении, 61-годишниот Зилер останал неказнет за сексуално злоставување и убиство на 11-годишната Робин Корнел и 32-годишната Лиза Стори во 1990 година. Мајката на 11-годишното момче отишла во куќата на пријател и ѝ ја доверила на бебиситерката својата ќерка. Кога се вратила следниот ден, ги нашла мртви и нејзиното дете и бебиситерката. Двете жртви биле сексуално нападнати и задавени.
Случајот бил замрзнат повеќе од 20 години сѐ до 2016 година, кога новите наоди на ДНК го поврзале Зилер со грозоморното злосторство. Насилникот веќе бил во притвор откако го нападнал својот посинок и бил обвинет за двојното убиство.
Поротата која го прогласила 61-годишниот за виновен во мај, препорачала смртна казна претходно овој месец. Зилер, од своја страна, од самиот почеток тврдел дека е невин и дека немал никаква врска со злосторството.
Набргу по нападот на неговиот адвокат, на кој сведочела мајката на починатото девојче на суд, Зилер бил осуден на доживотна казна затвор од судијата Роберт Бранинг.
60-year-old Joseph Zieler was convicted in 1990 for the murder of an 11-year-old girl and a woman.
Read more: https://t.co/v0kqLPjOg7 pic.twitter.com/pVCgpHllOU
— WPEC CBS12 News (@CBS12) June 27, 2023