Ноќеска, во 2:30 часот по полноќ, во велешката полиција било пријавено дека на улицата „Максим Горки“ лежи лице прободено со нож.
Како што дознава велешкиот портал Батали.нет, се работи за полицаец. Кога излегле полицијата и екипите на итната медицинска помош, можеле само да констатираат смрт како последица на убодната рана во градниот кош.
Според неофицијални информации, убиството се случило по љубовна расправија.
Полицијата уапси едно лице осомничено за убиството на 40-годишниот полицаец, кое се случи минатата ноќ, околу 2:30 минути во Велес, а како што дознава Батали.нет, приведена е девојка која била во врска со убиениот.