Во селото Лачарак кај Сремска Митровица денеска е убиено 17-годишно момче, пренесуваат медиумите од нашиот северен сосед.
Осомничениот за убиство е уапсен, а во полицијата потврдуваат дека е уапсено 19 годишно момче, поради сомнение дека го сторило убиството.
Него му е одредено полициско задржување до 48 часа, а после тоа ќе се прават следните соодветни постапки.