Утрово во Сараево се случи убиство пред кафеана, пренесуваат медиумите во регионот.
Како што дознава „Аваз“, жртва е 25-годишна пејачка позната како Елма Милано. Изворот вели дека во кафеаната била организирана забава со жива музика, а девојката била убиена пред објектот со огнено оружје.
Според засега непотврдени информации, наводно убиецот е нејзиното момче.
Полицијата приведе поголем број лица со цел расветлување на случајот.