Велика Британија не престанува да ја шокира големиот секс скандал кој се случил во познатиот затвор. 18 жени чувари наводно биле отпуштени или дале отказ поради недозволени сексуални односи со затвореници, откако затворот „ХМП Бервин“, вреден 250 милиони фунти, бил отворен пред 6 години.
Сместен на простран индустриски имот во Рексам, Северен Велс, најсовремениот затвор ветил рехабилитација за повеќе од 2.100 затвореници од средна ризична категорија.
Сепак, многумина биле шокирани откако 4 млади чуварки завршиле н суд поради недозволени односи со затворениците.
Поранешниот затвореник, Алекс Коксон (25), тврдел дека „ХМП Бервин“ бил управуван од корумпиран персонал, односно затворот бил управуван од корумпирани „банди“ кои ги принудувале затворските службеници од ранлива категорија да ги извршуваат нивните барања. Коксон отслужил 8 години затвор за 2 грабежи, но добил 10 месеци повеќе поради шверцуваниот мобилен телефон, кој му го дала затворската службеничка, Џенифер Гаван (27).
Гаван, мајка на едно дете, наводно се заљубила во Коксон и му праќала сексуално експлицитни видеа на телефонот што таа претходно го прошверцувала за 150 фунти. На судот му било кажано дека била фатена како се обидувала да го предаде телефонот на друг затвореник. Гаван се расплакала кога во декември била осудена на 8 месеци затвор, поради злоупотреба на службената положба.
Џон Батрес, кој работел како поранешен главен инспектор на полицијата на „Големиот Манчестер“, изјавил дека платата којашто се нудела во „ХМП Бервин“ на неквалификувани работници без животно искуство, привлекувала „неискусен и необразован персонал“, кој не можел да се справи со исцрпувачкиот свет зад решетките. „Луѓето кои управуваат со затворот се аматери и не ги разбираат луѓето со кои имаат работа, ниту пак имаат кадар кој би се справил со нив. Затворениците во „ХМП Бервин“ можат да бидат многу манипулативни.
Тие се затворени во ќелиите по 18 часа на ден и немаат ништо поинтересно да прават, па си поигруваат со затворските службеници. Започнуваат многу нежно, со нешто мало како, на пример, картичка за мобилен телефон, меѓутоа, штом чуварот ќе ги послуша, тогаш ќе биде уценуван и наскоро ќе донесе сè што ќе му побараат“, изјавил Батрес.
Главниот затвор бил отворен со многу „помпа“ во 2017 година. По само 5 месеци, затворската службеничка, Емили Вотсон (26), договорила најмалку 3 средби со осудениот наркодилер Пол Мекги, кој отслужувал 8-годишна затворска казна за предизвикување сообраќајна несреќа во која загинал човек, додека ѝ бегал на полицијата.
Вотсон и Мекги почнале да комуницираат преку „Инстаграм“ на ајфонот кој Мекги го чувал во неговата ќелија, скриен во конзолата за видеоигри. Имале виртуелен секс преку една апликација, а надзорната камера ја снимила како 3 пати сама ја посетила ќелијата на Мекги. Тие наводно биле интимни во неколку наврати, од кои едниот пат било на Божиќ. Вотсон била осудена на 1 година затвор.
„Новорегрутираниот затворски службеник заработува повеќе од 28.000 фунти. За многумина од нив тоа е прва вистинска работа, но не привлекува комплименти. Никој не би ги пофалил за нивната функција. Ако една наивна млада жена во затворот го најде вниманието кое ѝ е потребно, тоа многу брзо може да доведе до несоодветни односи“, додал Батрес. Меѓутоа, Гаван и Вотсон не биле единствените затворски службенички кои имале сексуални односи со затворениците.
Изгледа дека истата судбина ја доживеала и посрамената затворска службеничка, Рокан Вокер (34). Таа била опишана како ранлива, од стрна на колегите и била забележана како се смешкала со „манипулативниот затвореник“, Даниел Картер, пред да признае дека се заљубила. Вокер била поштедена од затвор, но била осудена на условна казна.
Затворската службеничка, Ајша Ган имала само 25 години кога била освоена од страна на харизматичниот криминалец Курам Разак во „ХМП Бервин“. Во 2008 година, Разак бил осуден на 10 години затвор пред судот во Бирмингем за вооружен грабеж, а во 2015 година добил 12 години поради заговор за грабеж.
Ган и Разак започнале врска во 2018 година, размениле 1200 телефонски повици, вклучително и експлицитни видеоповици, а чуварката прошверцувала своја долна облека во неговата ќелија. Ган била осудена на 12 месеци затвор.
Министерството за правда објавиле дека повеќе од 500 вработени во „ХМП Бервин“ добиле обука за антикорупција во изминатите 18 месеци. Соопштено било дека инвестицијата од 100 милиони фунти, веќе спречила повеќе од 20.000 обиди за шверц на стока во затворите ширум земјата. „Мнозинството од вработените во затворската служба се вредни и чесни, но ние правиме напори повеќе од било кога за да го фатиме малиот број луѓе кои ги прекршуваат правилата“, изјавил портпаролот на затворската служба.