Поранешната петта тенисерка во светот и прва Канаѓанка во финалето на еден Грен слем турнир, убавата Ежени Бушар, сега откри дека еден од најпопуларните пејачи на светот Џастин Бибер се обидел да ја заведе!
Сега 30-годишната беше на врвот на кариерата пред точно десет години кога стигна до финалето на Вимблдон, но тогаш беше поразена од Чехинката Петра Квитова.
Се мислеше дека Бушар ќе го освои тенискиот свет, но таа набрзо се откажа од спортот.Убавта тенисерка сега одлично заработува како модел, освои само еден турнир во кариерата, но со 2.400.000 следбеници на Инстаграм и понатаму е една од најпопуларните во светот на тенисот.
“Не, тоа е смешна приказна. Игравме тениски меч за хуманитарни цели и тој ме замоли подоцна да се дружиме, но јас имав момче, па реков не и сега верувам дека ја заслужувам наградата за девојка на векот”, изјави Бушар.
Двојката играше хуманитарна меч на „Desert Smesh“, а потоа Бибер се обидел да ја заведе Бушар.