Руската Федерална медицинска и биолошка агенција работи на вакцина против коронавирус која развива клеточен имунитет, кој може да трае од 13 до 17 години, пренесува „Спутник“.
„Антителата обезбедуваат имунитет на вирусот само со месеци“, изјави Вероника Скворцова, шефица на Федералната агенција за биомедицина, за време на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин.
– Ја достигнавме првата верзија, сега се подготвуваме за клинички испитувања. Се надеваме дека ќе ги започнеме во втората половина на годината.
Вчера пристигна веста од Русија дека тие поднеле барање за одобрување на нова вакцина против коронарниот вирус „Спутник лајт“, која обезбедува краткотраен имунитет и се дава во една доза. Целта на научниците беше да обезбедат што е можно поширок спектар на вакцини во најкус можен рок за да може да се стави под контрола пандемијата на коронарниот вирус.