УБАВА ВЕСТ: Пронајден лек кој спречува ширење на коронавирусот

by Тони Зографски

Истражувачи од Државниот универзитет во Џорџија тврдат дека откриле антивирусен лек кој се зема орално и во рок од 24 часа спречува заразени лица да го шират корона вирусот на здрави луѓе.

Лекот за кој станува збор е МК-4482 / ЕИДД-2801, попознат како Молнупиравир, кој целосно го запира евентуалното пренесување на Ковид-19 на други луѓе за еден ден.

Тимот беше предводен од д-р Ричард Племпер, кој исто така откри дека лекот е добар во борбата против сезонските вируси.

– Ова е прва демонстрација на лек кој исклучително брзо го блокира пренесувањето на САРС-КОВ-2. Ова може да биде пресвртна точка – рече Племпер.

Запирање на ширењето на вирусот се додека не се случи масовна вакцинација на планетата би спречила катастрофални последици што веќе ги остави пандемијата.

– Забележавме дека лекот МК-4482 / ЕИДД-2801 донесе цела низа активности против респираторни РНК вируси и дека третманот на заразени животни со давање на лекот преку уста, драматично го намалува пренесувањето – рече Племпер.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com