Повторна вакцинација со препаратот против коронавирусот „Kовивак“ може да се изврши за две до три години, рече главниот лекар на медицинскиот центар „Лидер на медицината“, Евгениј Тимаков.
Според Тимаков, најефикасна опција за заштита од коронавирусот е употребата на разни вакцини.
„Во моментот на силно изразен контакт со коронавирусот, силна епидемија, ќе се вакцинираме со вакцината „спутник В“. По некое време, една-две години, кога вакцината е се уште активна и потоа продолжуваме да се вакцинираме со други вакцини, вклучувајќи ја и вакцината „Kовивак“, рече инфектологот.
Тимаков додаде дека „Kовивак“ е направен врз основа на проверена платформа што се користела повеќе пати при правење други вакцини.
„Бидејќи оваа вакцина е направена од целиот вирус, во принцип, може да се земат сите мутации на вирусот кои се сериозни, да се одгледа вирусот и да се започне со производство на нова вакцина во истите фабрики – рече тој.
Премиерот на Русија, Михаил Мишустин, на 20 февруари објави дека е регистрирана третата вакцина против коронавирусот – „Kовивак“.
Претходно, директорот на институтот „Чумаков“, Ајдар Ишмухаметов, објави дека имаат технологија и искуство што овозможува вакцината против сите видови на Ковид-19 да се направи без проблем.