На Денот на вљубените, војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган Маркл објавија дека го очекуваат своето второ бебе.
“Можеме да потврдиме дека Арчи ќе биде голем брат. Војводата и војвотката од Сасекс се пресреќни што го чекаат своето второ дете”, потврди нивниот портпарол.
Хари и Меган објавија црно-бела фотографија како седат под дрво, при што таа си го гали трудничкото стомаче.
Инаку, веста доаѓа само неколку месеци откако Меган откри дека ланскиот јули претрпела спонтан абортус. Кралската двојка во мај 2019, го доби синот Арчи Маунтбатен-Виндзор . Новото бебе ќе биде осмо во редот за наследство на тронот.