Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 2.152 тестови, а регистрирани се 126 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 55, Битола – 23, Велес – 9, Кавадарци – 6, Прилеп – 5, Гостивар – 4, Охрид, Струмица и Гевгелија – по 3, Куманово, Тетово, Штип, Кочани и Ресен – по 2, Кичево, Струга, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (126), регистрирани се 19 реинфекции.
Регистрирани сe 152 оздравени пациенти од: Скопје – 86, Битола – 24, Прилеп – 9, Велес, Кавадарци и Кичево – по 5, Куманово – 4, Кочани и Демир Капија – по 3, Струмица и Ресен – по 2, Гостивар, Гевгелија, Штип и Крива Паланка – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.