- Израел е при крај со тестирањето на лек против Ковид-19, кој ако се земе брзо по заразувањето би ја спречил прогресијата на болеста.
Професорот Јозеф Карако од медицинскиот центар на универзитетот Хадаш изјави дека се регрутирани околу 50 проценти од потребните пациенти за последната трета фаза од испитување на лекот развиен од американците, а кој може да донесе промена во борбата против коронавирусот, пренесува „Ерусалим пост“. Карако рече дека неговиот тим неодамна го заврши својот дел од успешното испитување во втората фаза на орално достапниот кандидат за антивирусни лекови „молнупиравир“. Очекувањата се лекот да ја забави прогресијата на коронавирусот од блага во тешка форма. Студијата беше спроведена во 80 медицински центри низ целиот свет, вклучувајќи околу 300 пациенти со блага или умерена форма на коронавирус. Некои примаа „молнупиравир“, а други плацебо. Генералниот заклучок од оваа фаза е дека пред се лекот е безбеден.
Comments are closed.