Енис Барди е негативен на последниот тест на ковид-19. Ова значи дека еден од најстандардните играчи во репрезентацијата од денеска ќе може да им се приклучи на соиграчите на завршните подготовки пред настапот на Европското првенство, а исто така и селекторот Игор Ангеловски ќе може да смета на Барди за првиот натпревар на ЕП кој неговите избраници ќе го играат на 13 јуни против Австрија.
Инаку, Енис Барди по пристигнувањето во Македонија, имаше позитивен тест на коронавирус иако немаше никакви симптоми поради што беше ставен во карантин во хотелот „Хилтон“.