Европската комисија пред малку соопшти дека го одобрила користењето на лекот ремдесивир во третманот на тешки случаи на Ковид-19 во ЕУ.
Ние нема да оставиме еден камен непоместен во нашите напори да обезбедиме ефикасни третмани или вакцина против корона вирусот – изјави Стела Киријакидес, еврокомесарката за здравство.
Ремдесивир е првиот лек што се здоби со вакво одобрение за употреба во ЕУ.
Инаку, ремдесивир, произведен од американската биотехничка компанија „Гилеад“, првично бил развиен за третман на заболени со ебола, но имал мал ефект.
Меѓународната студија на крајот на април со над 1.000 учесници покажа дека реместивирот може да го намали времето потребно за заздравување на пациентите со Ковид-19 во просек од 15 на 11 дена.