Рускиот Институт Гамилеа ги одобри за употреба 550-те илјади вакцини „Спутник V“ кои се произведуваат на Торлак, до 13-ти август, пренесува Блиц.
Српскиот министер за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ рече дека рускиот институт Гамалеја одобрил употреба на 550.000 вакцини „Спутник V“, кои се произведувале на Торлак до 13 август.
Поповиќ за РТС рече дека овие вакцини се со ист квалитет како и оние што се произведуваат во Русија и дека се планира производство на четири милиони дози до крајот на годината.
Тој прецизира дека 960 примероци биле контролирани според 18 параметри според највисоките светски стандарди и дека сите тие покажале „одличен резултат“.