Манекенката Ирина Шејк важи за една од најубавите жени на светот, а едно е сигурно, и тоа како знае да го привлече вниманието кога и да се појави.
Имено, Ирина отишла да го земе своето дете од градинка како што прават поголемиот дел од мајките, меѓутоа, таа секако дека не се појавила во секојдневно модно издание.
Манекенката носела панталони, јакна, но и потпетици, меѓутоа сето тоа ретко кој го забележал затоа што под јакната носела само градник.
Извајаните стомачни мускули дошле до израз, па малку е да се каже дека таа предизвикала вистински хаос на социјалните мрежи.
На социјалните мрежи се појавиле коментари за изгледот на манекенката:
„Мајко, знаеме дека си „риба“, но претера. Така не се оди по ќерката во градинка“, „Секоја чест на стомачните мускули, но ова не е модна писта, ниту теретана“, „Се гледа дека е несреќна во љубовта, само таквите жени се обидуваат постојано да го нагласуваат својот сексапил“.