Уапсен поранешниот српски кошаркарски репрезентативец Владимир Штимац (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Поранешниот кошаркарски репрезентативец и активист Владимир Штимац беше уапсен синоќа во Белград. Како што може да се види на снимките објавени на социјалните мрежи, Штимац е уапсен пред зградата на РТС.

Провладините таблоиди објавуваат дека, како што велат, тој е уапсен по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград бидејќи „цел ден поттикнувал насилство пред Собранието“.

За потсетување, Штимац вчера остро реагираше по инцидентот пред српското Собрание, испраќајќи порака до претседателот Александар Вучиќ за нападот врз млад човек кој дошол да ги поддржи демонстрантите.

На платото пред Собранието, неколку десетици луѓе од шаторската населба позната како „Чациленд“ го нападнаа младиот Ненад, член на кампањата „Да трчаме за студентите“. Тој минувал за да ја поддржи Дијана Хрка, мајка на млад човек кој трагично загина при пад на настрешницата во Нови Сад пред една година, а напаѓачите му го одзеле знамето со натпис „Трчам за студентите“

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com