Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски доцна попладнево е уапсен со наредба на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал, под сомнеж за наводна вмешаност во собраниските настани од 27 април.
Покрај пратеникот Вељаноски, денеска во обвинителството за крвавиот четврток приведени се уште двајца осомничени со иницијали М.Ј. и С.Р., а кои засега не го откриваат идентитетот, објави фокус.мк.
Исто така, од обвинителството за „Фокус“ информираа дека во моментот се трага по уште два лица, за кои исто така не откриваат кои се.