Приведен е човекот којшто се закануваше на малолетно девојче дека ќе го силува.
Станува збор за 59-годишен човек од селото Ораовица во Радовиш, а во моментот кога комуницирал со девојчињата престојувал во селото Ерџелија во Свети Николе.
“По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници и по добиена Наредба од Основен суд Свети Николе, извршен е претрес во домот на М.А. (63) во с. Ерџелија, каде престојувал Б.Т., при што му е одземен мобилниот телефон кој го користел осомничениот. По целосно документирање на случајот, против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство – велат од МВР за порталот А1он.
Инаку, вчера на Фејсбук страницата „Стоп педофилија“ беа објавени фотографии од вознемирувачката комуникација меѓу педофилот и 15-годишното девојче.