Најголемиот српски макро Михајло Максимовиќ е упасен на аеродромот Никоа Тесла под сомнение дека изнајмувало станови за проституција на естрадни личности од Србија.
Основното јавно обвинителство на Србија започна истрага против него, под обвинение дека е вмешан во трговија со луѓе. Истрагата е во тек, а во моментов не е познат точниот број на оштетени луѓе.
https://www.instagram.com/p/BdlK-1ph69K/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
Наташа Шавија
Во моментот кога е уапсен, тој поседувал уредно водена евиденција за девојки за кои постои сомнеж дека ги подведувал на проституција, како и на клиенти кои ги користеле неговите „услуги“, пишува Еспресо.рс.
Тој наводно поседувал и изнајмувал станови во Белград, каде елитните и ВИП клиентите ги носеле своите придружнички.
Како што дознава Курир.рс, во евиденцијата на Максимовиќ се пронајдени повеќе од 300 клиенти, меѓу кои и политичар од власта, но и поранешен кошаркар. За Максимовиќ работеле дваесеттина девојки, меѓу кои наводно старлетата Милица Живановиќ, позната како Мими Оро, зајачицата на Плејбој Божана Вујиновиќ, учесничката во реалните шоуа Наташа Шавија… и др.