Поранешната фудбалска легенда и екс претседател на УЕФА, Мишел Платини денеска е уапсен поради сомнеж дека на недозволен начин овозможил Катар да ја добие организацијата на Светското првенство во 2022 година.
Платини е уапсен утринава како дел од истрагата за доделувањето на организација на Мундијалот на Катар.
Инаку, Платини беше осум години претседател на УЕФА, од 2007 до 2015, кога беше сменет со одлука на Етичката комисија на ФИФА.