Манијакот кој вознемирувал жени во скопската населба Кисела Вода е приведен во полиција, објави Сител.
Се работи за момче од Скопје на дваесетина години. Станарите приложиле и снимки од безбедносната камера во влезот.
Претходно, во полицијат пријавила една од станарките на зградата во Кисела Вода каде се соблекувало ова момче.
Инаку, за ова дело се предвидува парична или казна затвор од една година.