Меѓу уапсените на церемонијата на крунисување на британскиот крал Чарлс Трети беше и Патрик Телвел (24), млад човек кој неодамна беше осуден на 100 часа општествено корисна работа во текот на следната година и 600 фунти, бидејќи фрлал јајца кон кралот и неговиот сопруга за време на посетата на Јорк минатата година.
Телвел бил врзан со лисици и влечен низ толпата монархисти, кои бесно викале по него, пренесува Дејли експрес.
Today I was arrested at the #Coronation on suspicion of carrying eggs. I was identified by facial recognition cameras, and snatched from the protest in handcuffs so tight they cut my skin. For the second time I was dragged through a crowd of monarchists baying for my blood….1 pic.twitter.com/i014GTOOuW
— Patrick Thelwell (@PatrickEggsKing) May 6, 2023
“Бев уапсен на церемонијата на крунисување под сомнение дека носам јајца. Ме идентификуваа камерите за препознавање лица и ме влечеа од протестот со лисици толку цврсти што ми ја исечеа кожата“, напиша тој на Твитер.