Индискиот актер Алу Арџун е уапсен откако една жена била убиена, а нејзиниот син е повреден во метеж на проекцијата на неговиот филм.
Според извештаите, жената била убиена за време на интервенцијата на обезбедувањето на Арџун, кое се обидело да го расчисти метежот што го направиле неговите обожаватели кога актерот ненадејно се појавил на проекцијата на неговиот филм „Пушпа 2“.
Како што јави Ројтерс, полицијата го приведе сопственикот на киното во кое се случи несреќата на почетокот на неделава, додека Арџун е уапсен во неговата резиденција.
Локалниот суд му одреди кауција неколку часа откако беше уапсен, а неговиот тим соопшти дека актерот се очекува наскоро да биде ослободен.
Арџун, според документите достапни на Ројтерс, е пријавен дека е одговорен за жената која се задушила, а нејзиниот син бил повреден кога неговите чувари ги оттурнале обожавателите кои се обиделе да му пријдат.
Актерот ја отфрли вината и јавно се извини за несреќата.
Актерите во Јужна Индија, дури и оние кои не снимаат за продукции на Боливуд, имаат обожаватели кои често им градат храмови и ги „капат“ нивните постери во млеко за време на премиерата.
Во индиската традиција, млекото е поврзано со чистота, богатство и просперитет, додека во хиндуизмот се користи како ритуална супстанца за чест на боговите.