Како што дознава Јутарњи.хр, полицијата рано утрово „тропнала“ на вратите на неколку лица во Загреб по налог на УСКОК. Индекс известува дека извршниот директор на ХРТ, Казимир Бачиќ е уапсен.
Бачиќ, според медиумите е осомничен заради извршување коруптивни кривични дела, главно поврзани со работите на градската администрација во Загреб.
Според неофицијални информации, станува збор за сомневања за кривични дела извршени за време на поранешната градска администрација, на крајот на минатата година и во првата половина на оваа година.
Наводно, неколку познати личности се меѓу уапсените.