Во ирачкиот град Мосул е уапсен озлогласениот џихадист Шифа Ал-Нима кој додека се криел во своето засолниште толку многу се здебелил, што не можел да биде внесен во полицискиот автомобил. Тој е осомничен дека спроведувал фатви или верски пресуди, врз основа на кои биле гранатирани верски објекти и погубени многу свештеници. Ирачката полиција соопшти дека муфтијата бил еден од главните водачи на ИД.
На фотографијата од неговото апсење се гледа дека Шифу ал-Ним е ставен во задниот дел на камион, бидејќи не го собирало во полициско возило, пренесува „Дејли мејл“.
Британецот Масер Гифорд кој се борел против Исламската држава во Сирија, на Твитер не го криеше своето задоволство од апсењето на Ал-Нима.
„Задоволен сум што Џаба Хат од Исламска држава е уапсен во Мосул. Тој е одговорен за егзекуција на мажи, жени и деца. Ова животно силуваше и убиваше“, напиша на „Твитер“ Гифорд.