По две апсења во еден месец, холивудскиот актер Шаја Лабаф предизвика метеж и во Италија.
Лабаф бил снимен како талка низ хотелско лоби во Рим, облечен само во долна облека, со цигара во уста, додека бара запалка или кибрит за да ја запали, објави американскиот портал ТМЗ.
„Ајде, брате, дај ми едно кибритче. Имаш ли кибрит?“, прашувал Лабаф во хотелското лоби, додека носел само боксерки.
https://twitter.com/i/status/2034011690828697767
Актерот наводно отпатувал во Италија за да присуствува на крштевањето на својот татко.
Инцидентот се случил кратко откако тој, додека чекал судење со кауција, добил дозвола да патува во Италија за крштевањето на неговиот татко.