На меѓународниот аеродром Скопје вчера полицијата уапсила маж од Косово, кој правел проблеми на летото Брисел-Скопје, а се обидел и да истепа член на екипажот.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 01.11.2022 во 12.00 часот на граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје”, полициски службеници го привеле М.Ц.(45) од Косово затоа што додека патувал во воздухоплов на релација Брисел – Скопје агресивно се однесувал.
Косовецот се обидел физички да нападне едно лице од екипажот, а потоа агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.