Околу 20 лица паднаа во мрежата на Финансиската полиција, по неколкумесечна истрага.
АЛСАТ дознава дека повеќето од нив се приведени одделно, но операцијата сè уште трае за останатите челнови кои се следени од властите. АЛСАТ од свои извори дознава дека станува збор за добро организирана група банкари, сметководители и бизнисмени, кои покрај затајувањето данок, отишле дотаму што планирале јавни тендери од институциите во земјава.
Приведените лица се очекува наскоро да бидат изведени пред Судот за мерка притвор. Исто така, сè уште не се познати износот присвоен од групата и штетата предизвикана на државата.
Извор: АлсатМ