Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на самиот почеток од прес конференција на крајот од Самитот на ЕУ лидерите рече дека немало согласнот меѓу лидерите за Северна Македонија и Албанија да добијат датум за почеток на преговорите со ЕУ. Останува одлуката да биде донесена за време на хрватското претседателствување со ЕУ, во мај 2020 –година.
“Северна Македонија и Албанија не се виновни, комисијата утврди дека сторија се што се бараше од нив. Преспанскиот договор е неверојатно постигнување. Тие се подготвени, но некои земји членки не се подготвени за нив. Нема да коментирам повеќе за тоа. Но, имам една порака до Северна Македонија – ве молам не се откажувајте, нема потреба од фрустрација, вие го сторивте своето, ние не. Не се сомневам дека еден ден ќе станете полноправни членки на ЕУ“, рече Туск.