Турција синоќа загуби од Португалија со 3-1, но мечот беше неизвесен, Бурак Јилмаз можеше да биде херој, но испадна трагичар, а турските фанови на посебен начин ги доживуваат овие моменти.
Португалија имаше водство од 2-0 по првото полувреме. Во вториот дел Јилмаз намали на 2-1, а потоа имаше пенал за израмнување на 2-2 но го промаши.
Турски навивач со пиштол во раката го следеше пеналот на Јилмаз, и кога виде дека промаши, испука куршум во мониторот.
https://twitter.com/i/status/1507260948918198272