Турчин кој живее во Единбург изгубил 120 блиски во земјотресот кој ги погоди Турција и Сирија.
Сахин Фират е претседател на Турско-шкотската стопанска комора и во главниот град на Шкотска ги координира донациите за погодените подрачја.
Изгубив повеќе од 120 луѓе само од моето семејство – моите братучеди, тетки, чичковци, внуци… како и други од моето село, соседи, изјави тој за програмата Добро утро во Шкотска на радио Би-Би-Си.
Објаснува дека на луѓето во неговата родна земја сега им е многу тешко.
Беа во Адијаман, во центарот на градот. Сите остануваат во автомобили или на улица. Кога ќе најдат бензин, остануваат во автомобилот за да се загреат. Ако не врне, се обидуваат да најдат дрва или хартија за палење оган. Секој ден станува се полошо и полошо. Вонредна состојба е, како војна. До сега собиравме облека, храна, средства за чистење. Но, сега им требаат пари за да се издржуваат бидејќи повеќе немаат куќа“, изјави тој за Би-Би-Си.