Портир од Турција бил тажен по смртта на неговиот омилен гостин во хотелот, но наскоро добил повик од Англија што го променил неговиот живот. Дарежлив турист му остави значителна сума пари во неговиот тестамент.
Таскин Дасдан ги наследил парите од британскиот турист Чарлс Џорџ Кортни, за кого често се грижел.
Кортни еднаш годишно доаѓал на одмор во хотелот Корур Де Лукс во Кушадаси, Турција, каде Таскин работеше од 1990 година. Британецот престојувал во собата 401 толку често што персоналот ја нарекол „Собата на Чарли“.
По смртта на неговиот омилен гостин, Таскин бил скршен, но наскоро бил изненаден од дарежливиот гест.
-Во хотелот се однесуваме исто кон сите и ги третираме како семејство, а не како туристи. По смртта на Чарли, добивме повик од Англија и дознавме дека тој ни остави голем дел од наследството“, изјавил Таскин за „Бајез Газета“.
Таскин се обиде да направи Чарли да се чувствува како дел од семејството во хотелот, а тој се обидел да го постигне тоа со сите негови гости.
Иако знаел дека Чарлс е дарежлив, ниту на крај памет не му било дека неговото име ќе се најде во тестаментот на овој човек, а камоли главен наследник! За тоа дознал дури кога го контактирале од Велика Британија по смртта на Чарлс.
Роднините на Чарлс за медиумите изјавиле дека тој му оставил на својот омилен пријател Таскин 275.000 долари, а како што рекол Таскин, доволно е што никогаш повеќе нема да мора да работи во животот. Сепак, тој нема да даде отказ во хотелот, бидејќи ја сака својата работа и сака да продолжи да ги запознава луѓето кои таму доаѓаат од целиот свет.