Турските навивачи сеуште му се радуваат на поранешен македонски репрезентативец Перо Антиќ,кој дојде во Истанбул да му даде поддршка на Фенербахче. Имено, тој беше гостин на Фенербахче на дербито од 15-тото коло против Реал Мадрид.
Пред почетокот на натпреварот, Антиќ беше топло поздравен од публиката во “Улкер спортс арената„.
“Перо, добредојде дома“, пишуваше на Твитер.
На крајот нашиот кошаркар се радуваше со своите поранешни колеги бидејќи Фенер победи и се зацврсти на првото место на табелата во Евролигата.