По трагедијата што и се случи, откако почина нејзиниот сопруг Маријан, Сузана Турунџиева се врати на ТВ екраните. Таа е водител на емисијата „Недела во 3“, која се емитува на 1 ТВ.
Турунџиева за кратко време доживеа многу промени. Прво остана без сопругот, а потоа се израдува за свадбата на својата постара ќерка Лора, која се омажи летово. „Немаше да преживеам без ќерките. Лора и Матеа се моето се“, изјави водителката.
Таа наскоро ќе стане баба. Постарата ќерка Лора и сопругот го очекуваат првото дете. Лора набрзо откако матурираше, направи свадба со Филип Наунов, а Сузана неодамна објави дека ќерката и зетот го очекуваат своето прво дете.
Таткото на Лора, поранешниот пливачки ас, Александар Маленко не беше поканет на свадбата.
„Тоа беше желба на Лора. Тој не се покажал како добар родител“, рече Турунџиева за својата матична телевизија.