Демир не сакаше да „учествува“ во давање поддршка на Украина, која веќе четири дена се брани од нападите на Русија.
„Илијадници луѓе умираат на Блискиот Исток. Сите молчат и го игнорираат тоа затоа што не се случува во Европа. Не се чувствував убаво за да ја носам маичката бидејќи не е направена за земјите кои со години се во војна. Сепак, сметам дека треба да ги осудиме сите војни кои се водат во светот“, вели Демир.