Масовните протести во Иран не стивнуваат, а сѐ повеќе жени ширум светот им се придружуваат на Иранките кои протестираат поради смртта на 22-годишната Махса Амини.
Меѓу нив е и турската пејачка Мелек Мосо, која на сцената за време на концерт си ја отсече косата во знак на солидарност со Иранките.
Видеото на кое се гледа како пејачката си ја потстрижува косата на Инстаграм им се допаднало на речиси 170.000 луѓе. Иранскиот новинар Омид Мемариан го сподели видеото на Твитер, заблагодарувајќи ѝ се на пејачката, а видеото за само два дена собра 240.000 прегледи со бројни коментари за поддршка.
На Твитер стигнуваат реакции на поддршка, а во знак на благодарност реагираат и твитерџии од Иран.
“Леле. Навистина инспиративно и храбро”, “Ти благодариме Мелек, сакаме слобода за сите жени ширум светот” и “Ти благодариме што ни помогна” се само дел од коментарите на корисниците на Твитер.
Сечењето на косата стана симбол на отпорот кон иранскиот режим и ужасната казна на жените кои ги кршат исламистичките закони, исто како што тоа го правеше храбрата девојка која наводно неправилно го носела хиџабот, што на крајот ја чинеше живот.
Turkish singer @MelekMosso cuts off her hair on stage in solidarity with the Iranian women. Thank you Melek!#MahsaAmini #مهسا_امینی #IranProtests2022 pic.twitter.com/ZjISxjGkAL
— Omid Memarian (@Omid_M) September 27, 2022