Возачкото искуство вклучува и чувство за димензии на возилото што го возите. Возачот на овој Nissan очигледно ја немал таа способност или едноставно не бил доволно внимателен при возењето. Тој возејќи изнајмен „Нисан микро“ успеал да се заглави во тесна улица на Санторини, Грција.
Лесно е да се види од далечина дека автомобил не може да помине низ оваа улица, освен можеби некои од најтесните автомобили. А со оглед на тоа дека не вози, на пример, Messerschmitt KR200 или понов Renault Twizy, јасно е дека возачот требало да застане пред да влезе во улицата, а не да се заглави вака.
Локалните медиуми јавуваат дека компанијата за изнајмување автомобили била веднаш известена за инцидентот. Корисникот на Нисан излегол од автомобилот преку багажникот и пеш ја продолжил својата авантура на грчкиот остров. Во секој случај, Nissan-от ќе мора да оди на лимар, а очигледно ќе треба да се реновираат и белите ѕидови по кои е познат овој остров.