Аманда Каучман од Нов Зеланд, итно била пренесена во брза помош во Лос Анџелес на 1 јули поради тоа што не можела да дише.
Веднаш била ставена на апарати за одржување во живот, а докторите набрзо констатирале пнеумококно воспаление на белите дробови.
Инфекцијата довела до хипоксемична респираторна инсуфициенција, инфекција на крвта и акумулација на течности во белите дробови.
Каучман била во посета на Лос Анџелес на венчавката на својот роднина, но тој „посебен ден“ го поминала во болнички кревет.
Нејзиниот брат Шејн Туала направил GoFundMe страница за да ѝ помогне на својата сестра да ја плати огромната сметка.
„Доколку некој ја познава Аманда, ќе знаете дека има златно срце и дека многу ја сакаат“, напишал Таула на страницата за собирање средства. Аманда на Фејсбук напишала дека ѝ е тешко што мора да бара помош.
„Тоа дефинитивно беше најголемиот предизвик во мојот живот. Се надевам дека уплатата во болница ќе помогне да им се заблагодарам на тимот и неверојатните професионалци, доктори и медицински сестри кои ми го спасија животот и кои (да бидам искрена), го спасија моето моментално здравје така што тие беа моето привремено мало семејство на тоа многу чудно и осамено место“.