Во групата на „Фејсбук“ „Во живо од Грција“ се појави објава на турист која ги шокираше читателите.
Познат хотел во Грција нуди необична услуга за изнајмување крпи за плажа. Тоа „задоволство“ чини едно семејство 150 евра за десет дена, тврди разочараниот турист.
– Би сакал да го слушнам мислењето на другите и какво е правилото во другите хотели во Грција, хотелот за нашето семејство 10 дена ги наплаќа услугите за користење крпи за плажа во износ од 150 евра и навистина ова е прв пат да гледаме дека хотел наплаќа нешто слично – според изданието.
– Порано во тој хотел се оставало депозит од 10 евра по пешкир, а последниот ден кога ќе го вратиш пешкирот ти ги враќаат парите. Но, тие го изгубија умот, земаат пари каде што можат – наведе во коментарот корисникот на оваа социјална мрежа, кој веќе престојувал во споменатиот хотел.