Грците во борбата против комерцијализација на плажите вчера протестираа на плажата Милос на Лефкада. Нив им се придружија и туристите кои се незадоволни и од високите цени на изнајмување на лежалките чиј дневен наем изнесува 15 евра.
-Ги поддржувам протестите. Бев пред шест години на Милос и гледам дека денеска тоа не е истата плажа – пишува еден член на Фејсбук групата Live from Greece.
Инаку, по Милос уште една плажа е на удар да биде приватизиран. Се работи за една од најубавите плажи Порто Кацики која е полна со лежалки и чадори за сонце кои исто така се наплаќа по 15 евра – пишува Фејсбук групата Live from Greece.
-По осум дена престој на Лефкада, денеска бевме по втор пат во посета на Порто Кацики. Денеска плажата беше полно со лежалки и чадори за сонце и тоа во “сигурната регија“. Иако на влезот стои соопштение од општината дека плажата не е издадена под закуп, најверојатно по Милос и оваа плажа ќе ја комерцијализираат.
Инаку, Лефката е острово со едни од најубавите плажи на светот: Порто Кацики, Милос и Егремни. Сите три плажи беа диви и до лани немаа ниту кафитерии, ниту лежалки и чадори за сонце.
Posted by Ivan Lukic on Wednesday, August 21, 2019