Бившата љубовница на фолкерот Халид Муслумовиќ, Соња Башиќ следната недела ќе поднесе кривична пријава против пејачот за обид за убиство.
– Точно е, ќе поднесам пријава против Халид – потврди за курир.рс, Соња и додаде:
– Тој човек мене ми го уништи животот. Ми должи вкупно 107.000 евра, а ме претепа оти му ги барав. Ме заклучи во колоата, не ми даде да излезам, возеше 160 километри на час, ми го зема мобилниот да не викам помош, а ако не почнев да се дерам, сега ќе бев мртва.
Инаку , инцидентот се случил пред 10 месеци во близина на Бања Лука. Иако Соња го тужи и си га бара назад парите, проблем е што целиот имот на Халид е префрлен на ќерка му и на роднините.
Претходно, Халид и Соња врската ја започнале во ноември, 2015 година на турнејата во Австралија. Новодно,таа му помогнала бидејќи бил во тешка финансиска состојба. поради рати од кредити, школување деца и снимање песни.