Првата група бегалци од Авганистан пристигна доцна синоќа на меѓународниот аеродром „Скопје“, каде што беше пречекана од екипи на Црвениот крст. Станува збор за 149 граѓани на Авганистан и членови на нивни семејства, кои беа дел од меѓународната организација „Отворено владино партнерство“ каде што Македонија е членка, како и вработени и соработници од други меѓународни организации.
Меѓи пристигнатите е и трудница која веднаш е префрлена на Клиниката за гинекологија, бидејќи се наоаѓа во 39. недела од бременост. Во авионот, меѓу 149 граѓани од Авганиста имало уште четири бремени жени.
Министерството за внатрешни работи ќе ги спроведе сите безбедносни проверки за пристигнатите Авганистанци, а Министерството за здравство ќе им обезбеди ПЦР-тест и по можност вакцина.
На пристигнатите граѓани на Авганистан им се издава виза за привремен престој од 90 дена, а потоа треба да заминат на друга дестинација или во САД.
Comments are closed.