Трудница од Романија и мајка на осумгодишно девојче пронајдена е обезглавена во апартман во шпанскиот град Хатива. Безживотното тело на несреќната жена го нашол нејзиниот дечко.
Телото на Изабела Елена Радукану (35) пронајдено е голо и обезглавено во кревет на околу 70 километри од Валенсија. Таа била трудна во шестиот месец, пишува Сан.
Нејзиниот дечко Хуан Висенте, работник на фарма, се вратил дома по 16 часа и затегнал хорор сцена, безживотно тело на Изабела на кревет во нивниот апартман.
Како што пренесуваат медиумите на нејзиниот врат имало голема рана од нож.
Според извештаите на полицијата Радукану работела како проститутка. Полицијата го истражува случајот, но засега се уште никој не е уапсен.