Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 912 тестови, а регистрирани се 134 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 63, Битола – 13, Крива Паланка – 7, Кавадарци – 6, Ресен и Крушево – по 5, Прилеп и Гостивар – по 4, Куманово, Струга, Берово и Кратово – по 3, Велес, Штип, Кочани и Гевгелија – по 2, Тетово, Охрид, Струмица, Кичево, Неготино, Делчево и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (134), регистрирани се 33 реинфекции.
Регистрирани сe 144 оздравени пациенти од: Скопје – 81, Битола – 8, Штип – 7, Прилеп и Куманово – по 6, Велес и Кочани – по 5, Гостивар и Струмица – по 4, Крива Паланка, Кавадарци, Неготино и Радовиш – по 3, Ресен, Гевгелија, Тетово, Охрид, Кичево и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Куманово (65г). Лицето е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица, од Струмица (74г) и Виница (76г). Едно лице е починато во болнички и едно лице во домашни услови. Лицата за починати се пријавени во период од 29.08. – 31.08.2022